Милијардерот и поранешeн италијански премиер Силвио Берлускони ќе донира 10 милиони евра на покраината Ломбардија, најтешко погодена од пандемијата со коронавирус во Италија, за да се обезбедат дополнителни кревети за интензивна нега, објави денес неговата партија.
„Силвио Берлускони реши да ѝ стави на располагање на провинцијата Ломбардија, преку донација, 10 милиони евра потребни за опремување на одделението за интензивна нега со 400 кревети“, објави неговата десничарска партија Напред Италија (Форца Италија).
Минатата недела 83-годишниот милијардер бил во Шатонеуф-Грас во југоисточна Франција, рече градоначалникот на таа општина.
Дневниот весник „Ла стампа“ потврди дека Берлускони отпатувал од Милано, главниот град на Ломбардија, за во Франција „во поголем мир“ сам да ги проживее „тешките времиња“ низ кои минува Милано.
Италија предводи во Европа по бројот на заразени и починати, односно е втора во светот со 2.158 смртни случаи од 27.980 заразени, според податоците од вторник наутро.