Свет 07. ноември 2019. / 13:01

Белгија, Холандија, Австрија и Финска со најсреќно население во ЕУ

Белгија, Холандија, Австрија и Финска со најсреќно население во ЕУ

Во 2018 година над 62% од граѓаните на ЕУ на возраст од 16 години и повозрасни изјавиле дека постојано биле среќни (14%) или во поголем дел од времето во текот на последните четири недели. Тоа го покажуваат денеска објавените податоци на Еуростат.

Во споредба со 2013 година, делот на среќните граѓани во ЕУ е зголемен и во двете временски одредници.

Белгија, Холандија, Австрија и Финска се државите со најсреќно население. Над 3/4 од граѓаните или 76% во секоја од државите, посочуваат дека се чувствувале среќни цело време и во поголем дел од времето во последните 4 недели. Следуваат Луксенбург, Шпанија и Данска.

На другиот крај од скалата најниско ниво на среќа е регистрирано во Латвија (31%), Бугарија (35%), Хрватска (42%), Литванија (45%), Грција и Романија (по 46%).