Свет 23. август 2018. / 09:46

Белата куќа во одбрана на претседателот: Трамп не направи ништо погрешно

Белата куќа во одбрана на претседателот: Трамп не направи ништо погрешно

Белата куќа соопшти дека претседателот на САД, Доналд Трамп, не направил ништо погрешно, еден ден откако неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен изјави дека Трамп му наложил да им плати на една порноактерката и на една манекенката од „Плејбој“ за да молчат за нивниот однос со претседателот, со цел да влијаат врз резултатите од изборите.

Портпаролката, Сара Хакаби Сандерс, изјавила дека Трамп не направил ништо погрешно. „Нема никакви обвиненија против него“, рекла таа. Според неа, обвинувањата дека претседателот лажел кога рекол дека не знаел за исплатата се смешни.

Коен се изјасни за виновен по бројни обвиненија, вклучувајќи го и обвинението за прекршување на прописите за финансирање на изборна кампања. Запрашана дали Трамп е загрижен за тоа што може Коен да каже пред специјалниот обвинител Роберт Мулер, кој го истражува наводното руско мешање во изборите, Сандерс рекла дека мисли дека претседателот воопшто не се грижи. Таа рекла и дека не знае за информациите за евентуално помилување на некогашниот шеф на изборниот штаб на Трамп, Пол Менафорт, кој вчера беше осуден по осум точки за финансиски злоупотреби. Трамп го нарекол Менафорт храбар човек затоа што не се спогодил со обвинителството.