Белата куќа формално го покани рускиот претседател, Владимир Путин, во Вашингтон, изјави советникот на Доналд Трамп за национална безбедност, Џон Болтон. Тој рекол дека се вратиле на идејата која во јуни беше ставена на чекање поради гневот кој беше предизвикан во САД по средбата Трамп-Путин во Хелсинки.
Тогаш Трамп го покани Путин да го посети Вашингтон на есен, но поканата беше одложена откако Трамп во домашната јавност беше обвинет за преголема блискост со Кремљ.
„Го поканивме Путин да дојде во Вашингтон следната година“, рекол Болтон на прес-конференција во текот на посетата на Грузија, неколку дена откако во Москва се сретна со рускиот претседател.
Сè уште не се знае дали Путин ја прифатил поканата.