Министерката на Шпанија за јавна управа Мартижел Батет посочи денеска дека за да се реши кризата со Каталонија треба да се направат реформи во Уставот.
Таа наведе дека сака шпанскиот Устав да се насочи кон „федерален модел“.
Батет констатираше дека досега Уставот се покажал како успешен, но дека му се потребни измени поради новосоздадената ситуација.