Свет 29. јануари 2019. / 12:09

Барли: Нема простор за нови преговори со Лондон за договорот за излез на Велика Британија од Европската Унија

Барли: Нема простор за нови преговори со Лондон за договорот за излез на Велика Британија од Европската Унија

Германската министерка за правда, Катарина Барли изјави дека нема простор за нови преговори со Лондон за договорот за излез на Велика Британија од Европската Унија.

Барли подвлече дека ЕУ може да биде флексибилна што се однесува до датумот за излез на Британија, но Лондон мора да направи план со цел одложувањето да има смисла.

Говорејќи за политичкиот хаос во Британија, Барли која се залага за втор референдум за брегзит, оцени дека овој предлог секојдневно станува сѐповеќе веројатен.

Велика Бриранија би требало да ја напушти Унијата на 29 март, наведе „АП“