Барател на азил од Судан, на возраст од 30 години, изутринава нападнал со нож неколку лица во центарот на Ронас-сур-Изер, во департманот Дром во Франција, при што убил двајца, а повредил седуммина минувачи.
Напаѓачот е уапсен. Причините за неговиот напад во моментот се непознати. Еден од повредените е во тешка здравствена состојба.
Истрагата ја врши судската полиција од Лион. Националното обвинителство за борба против тероризам во соработка со Обвинителството во Валанс, „вршат проценка“ дали е потребно да ја преземат истрагата.