Свет 01. јули 2018. / 17:42

Автобус падна во провалија, има повеќе од 40 мртви

Автобус падна во провалија, има повеќе од 40 мртви

Најмалку 47 лица загинаа во Индија откако преполн автобус се излизга од планински пат и падна во клисура, соопштуваат властите.

Како што е објавено, на лице место загинаа 45 лица, додека другите биле транспортирани во блиската болница.

Полицијата и Националната служба за спасување се на теренот и спроведуваат акција за спасување, објавија индиските медиуми.

„Операциите за спасување се во тек и сеуште не сме сигурни за вистинската причина за несреќата”, изјави еден полицаец.

Според информациите обезбедени од страна на полицијата, околу 50 лица патувале со автобусот, а неговиот капацитет изнесувал 28 лица.

Неименуван официјален претставник изјавил дека возачот на автобусот ја загубил контролата поради дождливите услови на многу тесниот пат.