Свет 15. March 2019. / 23:06

Австралиски сенатор го осуди нападот во Нов Зеланд, но ги обвини муслиманите

Австралиски сенатор го осуди нападот во Нов Зеланд, но ги обвини муслиманите

Додека целиот свет тагува по 49- те верници, кои загинаа во две џамии во Нов Зеланд, во убиствениот напад на Австралијанецот, Брентон Таранд, австралиски сенатор за масакрот ги обвини муслиманите.

Сенаторот од австралиската држава Квинсленд Фрејзер Анинг го осуди нападот, но рече дека тој е резултат на стравот од муслиманите кои живеат во Австралија и Нов Зеланд.

– Вистинската причина за крвопролевањето на улиците на Нов Зеланд денеска е имиграциската програма, со која на муслимански фанатици им се дозволи да се населат во Нов Зеланд. – напиша 69 годишниот сенатор во своето официјално соопштение.

– Нека ни биде дека, додека денеска можеби муслиманите беа жртви, но обично тие се извршители. Низ целиот свет муслиманите убиваат луѓе во имe на својата вера во огромни размери. – напиша сенаторот и го спореди исламот со фашизам и смета дека „следбениците на таа дивјачка религија иако не се убијци во овој случај, тоа не ги прави безгрешни”.