Свет 30. мај 2019. / 13:24

Асанж итно пренесен во болница

Асанж итно пренесен во болница

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој се наоѓа на издржување на затворска казна во Велика Британија, бил итно пренесен во затворската болница откако неговата здравствена состојба сериозно се нарушила.

Како што наведуваат од „Викиликс“, тој многу изгубил на тежина и не можел да разговара со неговиот адвокат.

Џулијан Асанж треба да биде екстрадиран во САД, кадешто ќе се соочи со 17 обвиненија, вклучивајќи и за шпиунажа. Во меѓувреме, во Шведска се соочува со обвиненија за сексуални напади.