Свет 13. јануари 2019. / 19:28

Американскиот амбасадор во Германија: Ако останете во проектот „Северен тек 2“ можни се санкции

Американскиот амбасадор во Германија: Ако останете во проектот „Северен тек 2“ можни се санкции

Американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел ги предупреди компаниите кои учествуваат во изградба на гасоводот „Северен тек 2“ дека можат да се соочат со санкции доколку останат во проектот.

Амбасадата на САД во Германија посочи дека тоа е наведено во писмата што се испратени до неколку компании.

Во писмото се потсетува дека секоја компанија што соработува со рускиот енергетски сектор за извоз на гас и се заканува опасност од санкции од САД, посочи портпаролот на Амбасадата.

Од друга страна, Германија и други европски земји го обвинуваат Вашингтон дека со заканите за санкции се меша во нивната надворешна и енергетска политика.