Администрацијата на Доналд Трамп воведува нови рестрикции кон кинеската компанија „Хуавеј“, која ќе биде ограничување на можноста на употреба на американска технологија во правењето на полупроводници.
Американското министерство за трговија образложи дека овој потег има цел да го спречи настојувањето на кинеската компанија да ги подрива постоечките санкции на САД.
Новото ограничување одвоено е од напорите на администрацијата на Трамп да забрани продажба на американска технологија на Хуавеј.
Владата на САД пред една година ја стави на црната листа оваа кинеска компанија, прогласувајќи ја за национален безбедносен ризик.
Многу американски компании ги искористија бројните „дупки“ во законот, продолжувајќи да го снабдуваат Хуавеј со чипови кои не се направени во САД.
На некои американски компании и понатаму им е дозволено да соработуваат со Хуавеј, а таа опција ќе биде возможна уште следните 90 дена, според одлуката усвоена оваа недела.