Максин Вотерс (Maxine Waters) Американска Сенаторка од Калифорнија, на јавен собир вчера во Вашингтон, јавно ги повика сите противници на Доналд Трамп:„Секаде каде ќе видите член на оваа озлогласена администрација, во ресторан, во продавница, на бензинска пумпа, било каде…формирајте толпа, и оддалечете ги, да неможат никаде да се движат, да неможат ништо да купат, да неможат никаде да се појават.“
Ова следува по одбивањето на Хани Сандерс, потпаролката на Доналд Трамп, да биде услужена во ресторан. Ова е уште еден радикален пристап на насилната левица до таборот на Демократите, кои се исклучително нетолерантни кон сите кои размислуваат различно. Во текот на 2017 година, левичарските организации поддржани од Вотерс и останатите американски сенатори, прекинаа преку 900 јавни насапи, не само на поддржувачите на Трамп, туку едноставно на сите кои не се левичари.
Напаѓани беа јавни собири на конзервативците и либертаријанците, на подржувачите на вториот амандман и носењето оружје, напаѓани беа собирите на христијанските здруженија, како и здруженијата на воените ветерани. Американската левица има поприлично големо минато на практикување на насилство, нејзин член беше Стивен Педок, човекот кој го направи масакрот во Лас Вегас минатата година со објаснување дека мразел конзервативци кои слушаат кантри музика, Николас Круз кој направи масакр во училиште во Флорида пред неколку месеци со објаснување дека убивал деца на богати семејства…и уште многу други, од кои најпознат е Ли Харви Освалд, екстремнит марксист кој 1963 година пукаше и го уби претседателот на САД Џон Кенеди.
По смртта на Ли Освалд, Американската Левица низ светот рашири приказна според која, Ли Освалд бил жртва на некаков политички заговор.