Свет

Алтернатива за Германија бара референдум на кој германците ќе гласаат за зачленување на Западен Балкан во ЕУ

Алтернатива за Германија бара референдум на кој германците ќе гласаат за зачленување на Западен Балкан во ЕУ

Клубот на пратеници од Алтенатива за Германија најголемата опозициска партија во Бундестагот, бараат референдум во Германија за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Пратеникот Зигберт Дразе во Берлин изјави дека зачленувањето на државите од Западен Балкан во ЕУ донесува промени „во правец на балканизација на ЕУ, што ние воопшто не сакаме, а претходно за тоа да не го прашаме германскиот суверен – нашиот народ – дали се согласува со тоа“.

Затоа АфД во скоро време ќе организира народен германски референдум за тоа прашање.

„Јункеровиот датум 2025 година е тотално илузорен и контрапродуктивен“, се вели во позициониот документ кој АфД го објави во Берлин.

Европската комисија објави дека пристапувањето на некои држави во ЕУ до 2025 година е можно ако успеат реформите. Германската сојузна канцеларка Ангела Меркел, при тоа се позиционира против каков и да е временски план.

„Речиси сите земји од Западен Балкан имаат структурачни проблеми со корупцијата и организираниот криминал“, рече Дрезе, иако во позициониот документ АфД сепак пишуа дека принципиелно го поздравува вклучувањето на Западен Балкан во Еу – под услов да се изполнат разноразни услови, како независност на правосудството.

Исто така, пратеникот од АфД Харалд Вајел смета дека еден вид Западно-Балканска унија вон какво и да е големо решение во рамки на ЕУ би била една од можните опции.

Што би било план Бе или Це, а по се изгледа можеби и најизгледен план А.