Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, денеска изјави дека Турција би можело да биде приморана да ја отвори бегалската рута кон Европа ако Анкара не добие доволно меѓународна поддршка во решавање на проблемите со сириските бегалци.
Во својот говор во Анкара, Ердоган додаде дека Турција е одлучна да создаде „безбедна зона“ на североистокот на Сирија во партнерство со САД, до крајот на септември, но е подготвена да делува самостојно ако е потребно.