Од полицискиот склад во Аргентинскиот град Пилар снемало 540 килограми марихуана.
Осуммина полицајци добиле отказ по исчезнувањето на над половина тон дрога од полицискиот склад. Досегашниот шеф на полицијата Хавиер Специја излегол со објаснување дека дрогата ја изеле глувци,што за внатрешната контрола било неверојатно зашто од толку многу марихуана сигурно ќе биле мртви сите глувци во градот.
Сега полицајците се соочуваат со судско рочиште закажано за 5 мај. Инаку ,во магацинот на полицијата биле складирани околу шест тони марихуана ,запленета во текот на изминатите две години.
Недостатокот прв го забележал новиот началник на полицијата ,Емилио Портеро ,кој утврдил дека неговиот претходник немал никаква документација за содржината на складот ,каде се чувала дрогата.