Свет 04. јуни 2018. / 10:14

25 мртви во ерупција на вулкан (ВИДЕО)

25 мртви во ерупција на вулкан (ВИДЕО)

Во Гватемала дојде до ерупција на вулканот Фуего. Агенцијата за катастрофи на таа земја соопшти дека загинале 25 лица, а повеќе десетици се повредени, но оти и има исчезнати.

Поради ерупција на вулканот кој исфрла црн чад и пепел во небото, евакуирани се околу 100 лица, а меѓународниот аеродром во престолнината ја затвори својата писта, пренесува Ројтерс.

Управата за цивилна авиација на Гватемала соопшти преку социјалната мрежа Твитер дека пистата е затворена поради присуство на вулканска пепел.

Вулканот се наоѓа на околу 40 километри југозападно од Гватемала сити.

Огромни облаци на час можат да се видат од различни делови на земјата, а пепелта која падна ги вознемири граѓаните. Властите од нив побараа да останат смирени.