Либиската национална армија (ЛНА) на Калифа Хафтар ја поздрави иницијативата на Русија и Турција за примирје во Либија, но ќе ги продолжи борбите за Триполи, се наведува во изјавата на командата на ЛНА.
– Командата на ЛНА ја поздравува иницијативата на претседателот на Русија, Владимир Путин, претседател на пријателската руска држава, за воспоставување на мир и изјавува дека напорите на вооружените сили во војната против терористичките групи ќе продолжат, се наведува во соопштението.
Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган се договорија на 8-ми јануари околу заеднички став за Либија и ги повикаа страните да го прекинат огнот во недела на полноќ на 12 јануари и итно да седнат на преговарачка маса.
Владата во Триполи претходно побара воена помош од Турција, откако маршалот Калифа Хафтар започна да напредува кон либиската престолнина.
Соопштено е дека се работи за копнена, поморска и воздушна воена поддршка, како би се одбила офанзивата. Турскиот парламент на 2 јануари со мнозинство гласови го одобри испраќањето на турска војска во Либија. Поголемиот дел од арапските земји се противат на можната воена интервенција на Турција во либискиот судир.
Haftar rejects call for Libyan cease-fire https://t.co/qASciHnK1w pic.twitter.com/68EqxffzOx
— ANADOLU AGENCY (ENG) (@anadoluagency) January 9, 2020