Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, изјави за Ројтерс денеска дека би сакал да се врати во Боливија од Мексико, каде што е во азил, но нови избори би можело да се одржат без него.
Моралес поднесе оставка под притисок во неделата, по неколкудневните протести и насилството по изборите на 20 октомври, кои му ја донесоа победата засенета од обвиненија за измама.
Тој исто така рече дека не организирал демонстрации во Боливија од Мексико.