Свет 24. декември 2019. / 09:36

150 разузнувачи на Боливија ја опколиле резиденцијата на мексиканскиот амбасадор

150 разузнувачи на Боливија ја опколиле резиденцијата на мексиканскиот амбасадор

Мексиканското министерство за надворешни работи соопшти дека 150 боливиски разузнавачи ја опколиле резиденцијата на мексиканскиот амбасадор во Ла Паз и се обиделе да го претресат неговото возило.

Во соопштението се вели дека кругот формиран од боливиските агенти облечени во воени униформи, почнал да се формира во текот на викендот, истакнувајќи дека присуството на чувари и обидот за пребарување дипломатско возило ја нарушило дипломатската заштита и гаранции.


Мексико кратко му даде азил на поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, кој поднесе оставка по протестите на 10 ноември, а околу 30 негови приврзаници најдоа прибежиште во амбасадата во Ла Паз.