Свет 05. септември 2018. / 12:16

10 годишно момче од Афганистан силувало соученик во Германија, судот го отфрли случајот бидејки силувачот бил многу млад

10 годишно момче од Афганистан силувало соученик во Германија, судот го отфрли случајот бидејки силувачот бил многу млад

Германските власти го отфрлија случајот во кој 10-годишно момче од Авганистан силуваше соученик за време на училишно патување. Според информациите, случајот е отфрлен бидејќи момчето е премногу младо. Во инцидентот учествувале и сириски и авганистански соученици, кои го држеле момчето доле на земјата.

Инцидентот почна кога 38 ученици од едно училиште во Берлин заминаа на патување во замок во Нордвесткумермер, Германија. Учениците требало да имаат забавен ден и да уживаат во природа.

Три момчиња учествувале во инцидентот, две го држеле момчето доле на земјата, а десетгодишниот Авганистанец го силувал. Двајца други соученици го виделе настанот, но не ги известиле наставниците. Злосторството се дознало дури една недела подоцна, кога близок пријател на жртвата кажал на социјален работник во училиштето.

Властите го отфрлија случајот со образложение дека момчињата се премногу млади за да им се суди, сè додека не наполнат барем 14 години. Најмногу што може да се направи, како што е наведено, е да се спречат да посетуваат нормално училиште со други ученици.