Спорт 12. ноември 2020. / 22:27

Вајс: Македонија беше подобра од нас, заслужено победи, мојата работа завршува тука

Вајс: Македонија беше подобра од нас, заслужено победи, мојата работа завршува тука

Словакот Владимир Вајс, селекторот на Грузија ѝ честиташе на Македонија за пласманот на Европското првенство догодина низ Европа, признавајќи дека вечерва црвено-жолтите беа подобри и заслужено го добија историското финале за настап на континенталниот шампионат.

Иако Грузијците се надеваа дека тие ќе одат на ЕП, вистинска фудбалска треска ги тресеше цел еден месец, па дури и самоуверливи беа дека сигурно ќе играат на континенталниот шампионат, Горан Пандев со еден потег ги расплака, а одговорноста за поразот ја презема Вајс.

Сите се надевавме дека ќе победиме, но загубивме. Ова е моја одговорност, но таков е фудбалот. Вечерва Македонија беше подобра од нас, заслужено победи во финалето, оди на ЕП и јас им посакувам многу среќа. Ние имавме само еден шут во голот и тоа е премалку. Мојата работа завршува тука, остануваат уште двата меча во Лигата на нации. Жално е што вака завршува, рече Вајс.