Данскиот фудбалер Ники Бил Нилсен убиен е во Копенхаген од огнено оружје од заскитан куршум, пренесува Екстра Бладет.
Поради убиството на 30 годишниот фудбалер, кој до скоро играше за данскиот Лингби, уапсени се две лица.
Бил Нилсен е некогашен напаѓач на Виљареал, Елче, Рајо Ваљекан, Росенборг, Евијан, Леха, Есбјерг, Панионис, пред да биде отпуштен од Лингби во октомври поради кршење на законот и неговото апсење.
За репрезенатцијата на Данска настапувал три пати и дал еден гол.