„Вложивме жалба и не е во прашање само пеналот. Пред почетокот се жалевме на настапот на Шаќири кој на копачките имаше знаме на таканареченото Косово. Баравме да ги смени копачките, но ни беше речено дека прописите не се прекршени.
Воочивме и знамиња на кои не им е местото на трибините. За слична работа против Костарика бевме казнети, па сега очеувам истото да се случи и поради двоглавиот орел. Не е реално ФИФА да ја исфрли Швајцарија, но мораме да го штитиме нашиот интегритет”, изјави генералниот секретар на ФСС, Јован Шурбатовиќ.
Србија во последното коло, на 27 јуни игра против Бразил, а Швајцарија се среќава со Костарика.