Спорт 08. септември 2018. / 20:12

Познат НБА кошаркар уапсен за семејно насилство

Познат НБА кошаркар уапсен за семејно насилство

Кошаркарот на Бостон селтикс Џабар Бирд е уапсен под обвинение за домашно насилство.

Американските медиуми објавија дека извршил напад, давење и киднапирање на едно лице чиј идентитет се уште не е соопштен.

Од бостонската полиција информираа дека Бирд е задржан, а жртвата на домашното насилство била однесена во болница.

Во понеделник се очекува 24-годишниот кошаркар да се појави на суд во Бостон.

За случајот со соопштение се огласи и кошаркарскиот клуб Бостон селтик во кое наведува дека се запознати со инцидентот и дека го сфаќаат многу сериозно.