Пријателскиот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Јапонија и Чиле е одложен поради силен земјотрес кој го погоди островот Хокаидо.
По земјотресот со јачина од 6,7 степени по Рихтер, фудбалскиот сојуз на Јапонија одлучил да го одложи натпреварот во Сапоро, место на Хокаидо, поради оштетувањата, недостатокот на струја и пореметувањето на сообраќајот, но и сигурноста на гледачите.
Натпреварот против Чиле требало да биде деби на новиот сектор Хајимеа Моријасуа, но најверојатно првиот меч ќе го има за пет денови против Костарика во Осака.
Од земјотресот досега загинаа четири лица, додека 32 се водат за исчезнати.