ФФМ преку своето издание „Макфудбал“ ги објави паричните казни на дел од клубовите против кои во изминатите два месеци беа покренати дисциплински постапки.
Па така Дисциплинската комисија на ФФМ реши да го казни Пелистер со 750 евра поради пиротехника, национализам на своите навивачи, влегување на неслужбени лица на терен на мечот со Вардар одигран во Битола.
Вардар пак е казнат двапати со по 750 евра. Прво за настаните на мечот со Ренова кој поради националистички извикувања на фановите на овој клуб тој меч беше во прекин од 2-3 минути. Иста таква казна доби екс шампионот и поради националистички извици на мечот со Победа, одигран во Скопје на „Филип Втори“.
Победа пак е санкционирана со 1.200 евра и тоа поради националистички изливи на своите фанови на мечот со Шкупи, одигра во Битола под „Тумбе Кафе“.
И на крај Шкендија доби казна од 750 евра и тоа поради пиротехниката на реванш мечот од 1/4 финалето во Купот против Вардар.