Тениската Дејвис куп репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот годинава во рамките на ова натпреварување во Третата Европска зона. Денеска во Пловдив Македонија го совлада Кипар со 2-0, а мечот во двојки не се одигра.
Победите ги донесоа Горазд Србљак, кој со 2-0 во сетови (6:1 и 6:2 во гемови) го победи Николас Кембел, додека Димитар Грабул кој успеа да спаси и меч топка беше подобар од Мемелаос Ефстатоу со 2-1 во сетови. Македонија настапот го заврши со три победи (Исланд, Албанија и Кипар), а загубија само од домаќинот Бугарија.
Македонија на овој турнир настапи без најдобро рангираниот тенисер Томислав Јотовски, кој не играше поради повреда.