Во преполната сала „ Боро Чурлевски“ , Македонија ја победи Турција во дуелот за квалификации за Европското првенство 2020 година со 31:27.
Нашите најдобри ракометари доминираа во текот на целата средба во Битола, каде фановите ги исполнија трибините во салата „Боро Чурлески“ и имаа можност да проследат уште еден успешен настап на Кире Лазаров и неговите колеги од националниот тим.
Вечерашниот натпревар во Битола беше прв настап на нашата репрезентација надвор од Скопје од 2005 година кога играше со Босна и Херцеговина.