Македонија претрпе пораз од Грција со 28:26 во второто коло од квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2020 година.
Поразот на ракометарите на Македонија среде Кожани вечерва се протолкува како огромен срам, бидејќи нашата репрезентација важеше за апсолутен фаворит на оваа средба.
„Нашата игра беше катастрофална и со Турција и со Грција. Заслужено загубивме денеска во Кожани. Сите мислеа само со колку разлика ќе победиме. Се виде дека за нашата игра фали Миркуловски но не е оправдување. За два месеца следува Светското, но има простор да се поправиме во играта“, истакна незадоволниот Раул Гонзалес.