Спорт 28. декември 2018. / 19:49

Комити со поддршка за Стоилов: Си играте со оган…За него ќе ве одереме!

Откако ракометарот Стојанче Стоилов демонстративно ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“ која се организира од страна на Агенцијата за млади и спорт, Комити застанаа позади него.

– Си играте со оган…За него ќе ве одереме! – напишаа Комити на Фејсбук.

Инаку посебниот советник за мултикултурализам на премиерот, Рубин Земон вчера го нарече ментално нестабилен Стојанче Стоилов, по што јавноста бурно реагираше.