Фудбалската репрезентација на Македонија бележи напредок од две позиции на ФИФА ранг-листата објавена денеска. Репрезентацијата на Македонија со 1.344 бода се наоѓа на 68. место, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (100. место), Лихтенштајн е 178-ми, а Гибралтар се наоѓа на 198. место.
На врвот се наоѓаат Белгија и Франција, а по нив во ТОП 10 се: Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.
Од селекциите во регионот, Хрватска ја следат Босна и Херцеговина на 34. место и Србија на 35. место. Црна Гора е 41. репрезентација на ранг-листата, Словенија е 61, а Македонија на 68. позиција. Репрезентацијата на Косово напредуваше за три позиции и сега се наоѓа на 138. позиција.
Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 25 октомври.