Спорт

Дејвис куп: Србљак донесе водство за Македонија против Исланд

Дејвис куп: Србљак донесе водство за Македонија против Исланд

Македонскиот тенисер Горазд Србљак го донесе првиот поен за Македонија во денешниот меч против Исланд од 1.коло од Третата Европска зона од Дејвис купот.

Србљак во првиот меч што се игра во Пловдив го победи Егил Сигурдсон со 2-0 во сетови (6:0 и 6:2 во гемови). Мечот траеше 69 минути.

Во вториот меч за Македонија ќе игра Димитар Грабул, а ривал му е играчот – селектор на Исланд Биркир Гунарсон, а потоиа следува мечот во двојки.
Во вториот меч од групата А во Половдив Бугарија игра против Албанија.