Скопје 27. февруари 2021. / 07:45

Жителите на Ѓорче Петров денеска на протест против новиот ДУП

Жителите на Ѓорче Петров денеска на протест против новиот ДУП

Граѓанската иницијатива против урбано дивеење за а денеска најави протест со блокада на кружниот тек во Ѓорче Петров поради донесен ДУП со кој се планира изградба на 15-на згради.

Најавено е дека протестот ќе биде мирен. Целта е да се приклучат и сите граѓани кои што се засегнати со овој проблем со урбаното дивеење и со узурпирањето на Ѓорче Петров.

– Остануваме на нашите барања, немаме слух од институциите, така што одлучивме да направиме еден мирен протест против урбаниот хаос кој се случува, изјави Горан Костов, од Иницијативата против урбано дивеење.

Од Општината децидни, промена во ДУП-от нема да има, бидејќи станувало збор за истиот од 2014 година, но сега разработен, и воедно запазени сите закони.

ДУП С3 15, со кој се планира изградба на 15-тина нови згради.

За градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски денешниот протест е чисто политиканство.

-Мора јадрото на Ѓорче да има некаков развој. Дадовме ние одредена висина на одредени места, на други места се намали, меѓутоа се заштити паркот, се зголеми функционалноста како на зеленилото, така и на јавните површини. Замислете некој што го донел претходно истиот ДУП, со иста бруто развиена површина, кој не ги средил имотно-правните во дел на сопственост, ние тоа го поправаме, и сега истите тие да се бунат. Тоа нема логика што го прават. Тоа е гола политика, изјави Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Од Иницијативата велат дека се уште чекаат одговор за средба од министерот за транспорт Бочварски од кого бараат да не ги одобрува ДУП-овите кои доаѓаат од Општината.

Протестот е закажан на пладне од Иницијативата ќе го блокираат сообраќајот кај кружниот тек пред црквата Св. Петар и Павле.