Жителите јасно кажаа дека не сакаат зграда да никне на просторот кај мајчин дом, а во дебата со инвеститорот вината ја посочија кај сегашниот, но и претходниот градоначалник. Обвинија за неодговорно носење на Деталниот урбанистички план и издавање дозвола за градба.
Осумкатницата која ќе има 240 станови веќе се гради, но градежните работи паузираа на 15 дена со решение од општината.