Скопје 18. април 2018. / 15:09

Заврши пролетната дератизација во Кисела Вода

Заврши пролетната дератизација во Кисела Вода

Финализираше редовната пролетна дератизација која иминатите 20- тина дена се одвиваше на територија на Општина Кисела Вода.

Постапката за уништување на глодарите опфати 3.863 шахти и во урбаниот и во руралниот дел на општината.

Дератизацијата ја спроведе фирмата ,, Токси Вет” во соработка со ЈП Водовод и канализација, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина.

Локалната самоуправа организира вакви акции двапати годишно, на пролет и есен.