По повикот на граѓанската иницијатива го Сакам Водно, на јавна дебата со надлежните инситуции за изградба на гасоводот, денска се огласи и градоначлникот на град Скопје Петре Шилегов, кој порача дека нема пасивно да учествува во овој процес, кој ги вознемирува екологисите и граѓаните и повика на дебата на која се поканети сите засегнати страни. Во меѓувреме, како што информираше првиот човек на градот, градежните активности за изгрдба на трасата за гасовод на Водно, се прекинати.
„Град Скопје одлучи во понеделник во 13 часот во просториите на општината на греадот да организира дијалог на загрижените страни. На оваа дебата ги повикуваме да присуствуват претставниците на надлежните државни органи за изградба на гасоводот, како и претставниците на граѓанските здруженија.“ – изјави Петре Шилегов.
Активистите кои трет ден со жив штит ги попречуваа багерите да продолжат со активностите, велат дека ќе учестуваат на дебатата, но и понатаму остануваат пред исклучената градежна машинерија која е позиционирана на терен се додека не се најде компромисно решение.
„Ние остануваме тука до крај и како што кажавме нашите барања, тоа е да се отстрани тешката машинерија и да се прогласи мораториум за изградба на трасата за да разговараме со надлежните за фактите.“ – изјави Дарко Рситовски од „Го сакам Водно“.
Екологистите обвинуваат дека со години наназад, со инвазија на градежни акативности на Водно, и е нанесен голема штета на природата и апелираат де не се дозволи уште еде голем удар со кој на планината ќе и се одземе улогата да го филтирира Скопје кој е еден од најзагадените градови во Еврпа.
„Парк шума Водно“ е заштитена како подрачје од 1976 и по 10 година потпаѓа во „Паркови и зеленила“ и таа важна за прочистување на воздухот, ендемични видови и заштитени видови на инсекти, дрва и птици.“ – изјваи Ристовски.
Властите пак, на неколку наврати посочуваа дека изградбта на гасоводот треба да продолжи на Водно затоа што според направените анализите смената на трасата ќе ја одложи реализиацијата на проектот за пет години а тоа ќе повлече поголеми финасиски импликации.
.
Властите пак, на неколку наврати посочуваа дека изградбта на гасоводот треба да продолжи на Водно затоа што според направените анализите смената на трасата ќе ја одложи реализиацијата на проектот за пет години а тоа ќе повлече поголеми финасиски импликации.