Скопје 31. јануари 2021. / 10:19

За 24 часа казнети се 124 возачи, 17 од нив возеле под дејство на алкохол

За 24 часа казнети се 124 возачи, 17 од нив возеле под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден (30.01) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На териториите на Општина Центар и Општина Илинден изречени се вкупно 124 мерки, од кои 11 за брзо возење, 20 за возење без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, 17 за возење под дејство на алкохол и 6 за минување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.