Жителите на Општина Ѓорче Петров денеска повторно излегоа на протест овојпат да го искажат својот револт против дивеењето и трките на улицата „Борис Сарафов“.
Протестот беше закажан за денеска во 16:00 часот на улицата „Борис Сарафов“.
Протестот најавен за во петок во 16 часот на улицата Борис Сарафов е пријавен во полиција. За првиот протест најавено е двочасовно блокирање на сообраќајот. Доколку нашите барања не се исполнат во најбрз можен рок, протестите ќе продолжат со 24 часовно блокирање на улицата сè додека не се реши проблемот со дивеењето и брзото возење. Напомена за присутните, да се држиме до мерките и протоколите со цел да се заштитиме себеси и останатите, наведено е во објавата на Фејсбук.