Во понеделник во раните утрински часови на подрачјето на градот Скопје ќе се изврши првата фаза од авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Од РЦУК ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.