Скопје 16. август 2020. / 15:41

Во град Скопје има пари за уште 2.400 барања за субвенции за инвертери

Во град Скопје има пари за уште 2.400 барања за субвенции за инвертери

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.623 апликации, а остануваат средства за уште околу 2.400 барања, информираат од Град Скопје.

Градските власти уште еднаш ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

 Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари 2020 година, до завршувањето на повикот на 30 ноември годинава или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ, објаснуваат од Градот.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020