Скопје 28. јануари 2021. / 11:13

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на камперите на Треска: Езерото станува жртва на урбаната мафија

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на камперите на Треска: Езерото станува жртва на урбаната мафија

Езерото Треска пред очите на целата јавност станува жртва на урбаната мафија заштитена од власта, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје преку соопштение.

„Она што се случува во моментот таму е илегален грабеж и руинирање на она што претставува државна сопственост и заедничко добро на сите. Градоначалникот Шилегов не ја кажува вистината и лаже кога се обидува таквиот грабеж да го престави како некое ревитализирање. Шилегов да каже од кога тоа корнење канделабри, рушење на објекти и кршење бетон преставува ревитализирање а не грабеж“, додаваат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

Оттаму велат дека во моментот се случува руинирање на општествено добро за кој директна одговорност има Шилегов кој ветуваше враќање на стариот сјај на езерото.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во целост ги поддржува барањата на авто камперите, и бара од градоначалниците на градот Скопје, општината Сарај и Владата решавање на овој проблем.

„Воедно во текот на денешниот ден Советничката група ќе побара на тековната седница Советот на град Скопје да расправа во однос на состојбата со Езерото Треска. Уништувањето на Езерото Треска станува неславен заштитен знак на владеењето на Шилегов“, се посочува во соопштението.