Град Скопје ги известува граѓаните дека на 20 јуни (сабота) и 21. јуни (недела), во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.