Скопје 16. јули 2020. / 12:06

Викендов и во текот на следната недела прскање против комарци во Скопје

Викендов и во текот на следната недела прскање против комарци во Скопје

Град Скопје ги известува граѓаните дека наредниве денови ќе биде извршена втората фаза од дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци.

Авионската дезинсекција ќе се одвива на 18 и 19 јули, сабота и недела, во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција ќе се одвива од 20 до 24 јули од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Дополнително, терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци ќе се изврши на 22 јули, во период од 8 до 17 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.