Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје се случиле 43 сообраќајки од кои три со тешки телесни повреди, 22 со телесни повреди и 18 со материјална штета.
Во сообраќајките три лица биле потешко повредени и 41 со лесни телесни повреди.
Полицијата санкционирала 104 возачи бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената, 63 возачи бидејќи 31 управувале возило под дејство на алкохол, 26 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест биле возачи почетници.
Полицијата санкционирала и 26 возила, бидејќи 24 биле нерегистрирани и две технички неисправни. Исто така санкционирани се и осум возачи кои поминале на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, тројца и двајца неправилно се престроиле.
Во текот на изминатите денови издадени се 182 мандатни платни налози, додека исто така 110 возила се подигнати со “Пајак”.