Скопје 28. јуни 2019. / 18:28

(ВИДЕО) Заев и Спасовски одраа со казни илјадници граѓани, а за Шилегов нема алко тест и нема казна за паркирање на сред улица

(ВИДЕО) Заев и Спасовски одраа со казни илјадници граѓани, а за Шилегов нема алко тест и нема казна за паркирање на сред улица

Додека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на сред улица го паркираше Пасатот, и на сред улица изиграваше сообраќаец, со тоа загрозувајќи ја својата безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, во време кога сообраќајци гинат на автопат зошто излегуваат на сред автопат, со овие постапки Шилегов неовластено и кршејќи го законот изиграва сообраќаец.

Никаде во неговите ингиренции нема дека градоначалник треба да изиграва сообраќаец тоа е работа на сообраќајната полиција.

Обичен возач да се однесувапе како Шилегов да паркираше автомобил на сред улица, и да изиграваше сообраќаец најмалку што ќе добиеше е казна и алко тест. Да биде пародијата поголема додека Шилегов ,,регулира” сообраќај таксист прави полу кружно вртеше на полна лента на едно метро од Шилегов, со тоа доведувајќи ја безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Дали треба некој да биде повреден или да загине, за да разбере Шилегов дека на ваков начин не се добиваат политички поени?

Денеска казнети се 52 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 36 мандатни платни налози и 22 прекршочни платни налози, Петре Шилегов не е меѓу казнетите возачи.