Скопје 19. декември 2020. / 12:05

(ВИДЕО) Стоилковски: Шилегов плаќа адвокатски услуги вредни 50.000 денари – сам на себе

(ВИДЕО) Стоилковски: Шилегов плаќа адвокатски услуги вредни 50.000 денари – сам на себе

На денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, го обвини Градоначалникот Шилегов за плаќање адвокатски услуги – самиот на себе.

– На Петре Шилегов малку му е платата како градоначалник на Скопје, особено што не работи ништо, па мора и хонорар да зема од градската каса! Со години, Петре адвокатот го советувал градоначалникот Шилегов за правни работи. И за тоа си исплаќа по 50.000 денари месечно. Или во просек, Шилегов си потпишува консултантски услуги сам на себе, за што скопјани му плаќаат околу 10.000 евра годишно. И тоа Шилегов го прави со години, вели Стоилковски и додаде дека тоа е класичен криминал, класичен судир на интереси, класична корупција и злоупотреба на позиција на функција.

Тој посочи дека наместо поквалитетни услуги за скопјани, Шилегов си обезбедува уште по 50.000 денари месечен хонорар покрај платата, а за возврат, поскапува паркинзи за скопјани со образложение дека нема пари во градската каса.