Скопје 23. декември 2019. / 13:04

(ВИДЕО) СДСМ го одби предлогот: Нема пари за хуманитарни цели 100.000 евра за Дино Мерлин

(ВИДЕО) СДСМ го одби предлогот: Нема пари за хуманитарни цели 100.000 евра за Дино Мерлин

Советничкото мнозинство на чело со СДСМ на стартот на денешната седница на советот на Град Скопје го одби предлог-амандманот на советничката група од опозицијата која побара парите предвидени за новогодишната прослава да бидат пренаменети за хуманитарни цели.

Кординаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Светлана Колариќ, пред стартот на седница, го пренесе ставот на советниците од опозицијата кои сметаат дека средствата кои се обезбедени од спонзорите треба да бидат донирани за хуманитарни цели наместо да завршат на сметка на Дино Мерлин.

– На овој начин, ние советниците, ќе докажеме дека сумата која што е издвоена за новогодишната прослава, односно 260 илјади евра за новогодишно украсување е реалзирано, меѓутоа сумата од плус 100 илјади евра треба да заврши кај оние на кои најмногу им е потребно, рече Колариќ.

Со 14 гласа против и 12 за предглогот беше одбиен.