Пукна цевка за вода во близина на Министерството за надворешни работи, а екипи на Водовод и Улици и патишта веќе работат на санација на дефектот.
– Дефект на водоводна цевка Ф 300 во непосредна близина на МНР. На лице место сме и интервенираме, за да избегнеме поголема хаварија на коловозот. Ве молам за внимание! Екипите на Водовод и Улици и Патишта вечерва ќе работат на санација на дефектот, објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Во продолжение може да ја видите објавата на скопскиот градоначалник.
Дефект на водоводна цевка Ф 300 во непосредна близина на МНР. На лице место сме и интервенираме, за да избегнеме…
Posted by Петре Шилегов on Tuesday, January 26, 2021