Скопје 07. септември 2019. / 10:02

(ВИДЕО) Полицијата синоќа во лов по моторџии – казнети над 100 возачи

(ВИДЕО) Полицијата синоќа во лов по моторџии – казнети над 100 возачи

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека вчера од 6 часот до полноќ спровело акциска контрола за откривање возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 45 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 18.30 до 1.30 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 12 возачи.

Покрај тоа, задржани се два мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност. Откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.